ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Во Арачиново, тимот на Куманово добил закани по живот: Живи нема да...

Во Арачиново, тимот на Куманово добил закани по живот: Живи нема да излезете

454

Вчера се одигра дербито во Третата лига – Север меѓу Шкендија Арачиново и Куманово. Домашните победија со 3:0, но пред мечот и за време на истиот и тоа како било „жешко“ на стадионот на Фортуна во Синѓелиќ каде се играл натпреварот и каде Шкендија Арачиново ги игра своите мечеви.

За тоа што се случувало со соопштение излезе раководството на Куманово:

“Сакаме како клуб да дадеме едно кратко соопштение за денешниот натпревар.

Денешниот натпревар беше прогласен од страна на ФФМ за натпревар со висок ризик.

Добра проценка на луѓето од федерацијата и покрај добра организација од страна на МВР нашите фудбалери ја немаа потребната сигурност која треба да ја има еден фудбалер.

На самото пристигнување на стадионот во Синѓелиќ луѓето кои требаа да обезбедат ред на стадионот,значи редари облечени во зелени панцири почнаа да се закавуваат на нашите фудбалери дека живи нема да излеземе од стадионот.Пред почетокот на натпреварот истите редари дојдоа до клупата за резервни играчи каде беа нашите фудбалери и почнаа да се закавуваат и вербално да ги малтретираат нашите фудбалери.Пред стартот на натпреварот еден наш фудбалер е удрен со тупаница од домашниот фудбалер во пределот на лицето.

Иако имаме неколку фудбалери со прволигашко искуство видно дека беа исплашени,а што да кажеме за нашите млади фудбалери кои беа загрижени за нивните животи.

Ние сме млада екипа која има амбиции за влез во Втора,а потоа и да се бориме за влез во Прва лига.Вложуваме во фудбалот и сакаме чесно да влеземе во Втора македонска лига.Сакаме јавно сите да ве прашаме,вреди ли да вложуваме во фудбалот и да се бориме за повисок ранг со екипите како екипата на денешниот натпревар?

Во секое лошо има и добро,кој знае што ке се случеше ако ние победивме на натпреварот,сите фудбалери се живи и здрави што ни е секако најважно.

Првенството е долго и има уште многу да се игра,ние уште сме лидери на табелата така ке биде и на крајот ако луѓето од ФФМ обезбедат фер и коректни услови и најстрого да ги казнат сите екипи што сакаат да земат бодови на сила по секоја цена.

Претходна(Видео) Русите брутално ги мачеле уапсените за масакрот, а потоа ги објавиле снимките во јавноста, пишува Би-би-си
СледнаСИГУРНИ СТЕ ДЕКА БЕШЕ ИСИС, А НЕ ЗЕЛЕНСКИ? Захарова го впери прстот кон Вашингтон за нападот во Москва