ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Европски фронт: На 24 април нè очекува најголемата победа во историјата

Европски фронт: На 24 април нè очекува најголемата победа во историјата

78

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, денеска во Тетово, заедно со првиот човек на ДПА Мендух Тачи, лидерите на Народното движење Скендер Реџепи – Зејд и ДЕП, Аријанит Хоџа, потпишаа коалициски договор за парламентарните и претседателските избори во рамките на Европскиот фронт.

„Воопшто не се сомневам во големата победа што Албанците од Македонија никогаш не ја извојувале, тоа ќе биде најголемата победа во историјата на независноста на оваа држава. Ова прашање трае повеќе од две години, тоа е смислувано со најголема смиреност, со најголема свесност и ова беше врвниот момент за да се собереме во фронт, а овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен, до реализација на нашите цели, до зачленуваето во ЕУ. На овој фронт треба да му се приклучат и нашите сограѓани Македонци, бидејќи за овие 24 години, не сум видел толкава голема и сериозна посветеност, посветеност, поразумна и поодговорна и совесна за иднината на државата како оваа кај албанските политички субјекти”, рече претседателот на ДУИ Ахмети.

Во своето обраќање по потпишувањето на коалицискиот договор, претседателот на ДПА Мендух Тачи ги повика сите да се обединат на овој фронт.

„Мене ми е жал што опозицијата ја гледа оваа кампања како натпревар меѓу нас и нив, а не со главниот принцип како што го гледаме ние, за ЕУ и против Русија. Не само анкетите, туку и малите деца знаат дека на овие избори ќе изгубат убедливо, само поради ДУИ. Руското влијание е распострането во земјите од регионот, така што ние со 30 пратеници го спречуваме руското влијание во нашата земја. Вие не познавате долги години, знаете дека не правиме компромиси со црвените линии, со нашиот главен национален интерес, затоа што на Албанците и на Македонија им е местото во средиштето на европската цивилизација, затоа и велам на опозицијата дека не се занимаваме со вас затоа што има време да се справиме со вас, го имаме овој предизвик со Русија. Затоа, ве повикувам да застанете заедно на овој фронт. Знам дека македонската опозиција може да го смени вокабуларот по изборите, но можеби ќе биде доцна за нив“, рече Тачи.

Претседателот на Народното движење, Реџепи истакна дека трагите од овој фронт ќе се паметат долго во историјата.

„Овој фронт е модел на успех, не е само лига туку суперлига. Убаво е да се формализира овој фронт, бидејќи граѓаните имаат корист од сите добри работи, стандарди и социјални придобивки. Со претседателските избори ја запечатуваме и победата на парламентарните избори. Добра иницијатива е тоа што рековме дека Европскиот фронт ќе се состои од многу етникуми, за да докажеме дека таков фронт што ќе ни ги донесе сите благодети, за да генерациите што доаѓаат бидат воглавно обезбедени од нашето пријателство со САД и со ЕУ затоа што немаме друга алтернатива освен Европскиот фронт. Нашите траги ќе се паметат долго време во историјата. Им посакувам среќа и успех на сите, да ја запечатиме победата на 24 април и потоа на 8 мај, да извојуваме уште подлабока победа“, нагласи Реџепи.

Претседателот на ПДЕ Хоџа го пофали потпишувањето со двајца луѓе како Ахмети и Тачи, кои на нивниот политички пат на раменици носат важни процеси за државата.
„Во големите историски моменти, малите луѓе наоѓаат причини да се разделат, а големите луѓе создаваат можности да се обединат и да одат напред. Нашата денешна субординација е еквивалентна на важноста со Сојузот на Лежа, каде што нашиот јунак Ѓерг Кастриоти – Скендербег ги обединил сите албански племиња. Исто како и тогаш, денес се обединуваме затоа што имаме поголема цел, овој фронт ќе донесе бришење на границите, а обединети во ЕУ ќе бидеме дел од западната цивилизација за која се определиле нашите предци. За мене има потпишувањето со двајца луѓе како г-дин Ахмети и Тачи, има вредност, бидејќи ти во нивниот политички пат носат на плеќи важни процеси за државата. Додека другите очекуваат победа од ВМРО, ние очекуваме победа на Албанците, со голема поддршка од Косово и Албанија“, рече на крајот Хоџа.

ПретходнаДали интимните односи за време на постот се грев? Многумина се во голема дилема, а еве што велат поповите
СледнаДрама во Драчево: Жена нападнала маж со стаклен предмет и не му дозволувала да избега