ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Град во Словачка прогласи вонредна состојба: Мечка напаѓа луѓе на улица

(ВИДЕО) Град во Словачка прогласи вонредна состојба: Мечка напаѓа луѓе на улица

473

Две лица се во болница откако биле нападнати од мечка во словачкиот град Липтовски Микулаш, соопштија од итните служби, пренесува Би-Би-Си.

49-годишна жена се здобила со повреда на рамото, додека 72-годишен маж се здобил со рана на главата. Извештаите велат дека полицијата ја бркала мечката надвор од градот и во шумата.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како мечката скока преку патот и во еден момент се нафрли на човек на тротоарот. Градот прогласи вонредна состојба, пишува CBS.

Веста доаѓа еден ден откако 31-годишна Белорусинка почина обидувајќи се да избега од кафена мечка во планините Ниски Татри.

ПретходнаВо Скопје претепани жени од сопруг, девер, партнер…
СледнаВОНРЕДНО: Ако денес патувате кон Бугарија – еве што да очекувате на патот