ПОЧЕТНА СВЕТ УЖАС: Осум лица загинаа – Возило падна во река во Албанија

УЖАС: Осум лица загинаа – Возило падна во река во Албанија

16

Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возилото паднало во реката Вјоса од височина од 100 метри, соопшти полицијата.

Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет каде се случила несреќата, пренесува „Albanian Post“.

Порталот наведува дека има индиции дека возилото со возач Албанец кој превезувал седум илегални мигранти го бркала полицијата.

ПретходнаПолицијата во акција – се бараат две Романки кои беа во друштво со мало дете: Се мисли дека е Данка?
СледнаПукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца