ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Бебе загина во сообраќајна несреќа во струмичко

Бебе загина во сообраќајна несреќа во струмичко

724

Бебе кое се превезувало во возило кое излетало од патот вчера попладне на патот Струмица-Ново Село го загубило животот. смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

– На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, информираше МВР.

Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.