ПОЧЕТНА СПОРТ Заврши серијата победи на Интер и во Калчото, Наполи во финишот се...

Заврши серијата победи на Интер и во Калчото, Наполи во финишот се избори за бод

9

Серијата од десет победи во низа на Интер во Калчото е прекината, вечерва Наполи во финишот се избори за 1-1 на „Џузепе Меаца“.

По првиот пораз во 2024 и елиминацијата во Лигата на шампиони, Интер одигра 1-1 против Наполи па беше ставен крај и на низата од 10 победи во Серија А.

Избраниците на Инзаги поведоа во финишот на првиот дел, Дармиан убаво се уфрли и на асистенција на Димарко погоди за 1-0.

Сепак, „нероаѕурите“ не издржаа, па по еден подарен корнер, Жесус реализираше за 1-1 во 81. минута.

Ремито значеше намалување на водството на врвот на табелата, но Интер и пнатаму има комфорни +14 во однос на Милан.

ПретходнаНе е прв инцидент: 31-годишна жена починала откако била гонета од мечка додека шетала низ шума
СледнаПутин го спомена Навални: „Тажно е кога некој ќе умре“