ПОЧЕТНА СВЕТ Лидерот на СИРИЗА од денеска во војска

Лидерот на СИРИЗА од денеска во војска

76

Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис од денеска ќе го отслужува воениот рок, но само 20 дена, а останатиот период ќе го откупи, нешто што како опција го овозможува соодветниот грчки закон, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис е распореден во касарна во градот Тива на 90 километри од Атина.

Со оглед на тоа дека воениот рок е задолжителен во Грција, а 36-годишниот Каселакис подолг период живееше во САД, сега по враќањето во земјата има обврска да го отслужи.

За грчките граѓани со наполнети 33 години, законот дозволува да отслужат 20 дена, а останатиот период да го откупат и чини 810 евра за секој месец, нешто што ќе го стори лидерот на СИРИЗА.

На 48 часа пред заминувањето во касарната, односно во средата, Каселакис на Тик Ток објави видео од бербер, коментирајќи дека е на потстрижување во рамките на подготовките за отслужување на воениот рок.

ПретходнаТимот на МЗТ Скопје нападнат од неканети гости на полувремето во соблекувалната во Чаир !?
СледнаМаричиќ: Нема силен европски блок без СДСМ, граѓаните знаат дека ВМРО ДПМНЕ нема план за европските интеграции