ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Маричиќ: Нема силен европски блок без СДСМ, граѓаните знаат дека ВМРО ДПМНЕ...

Маричиќ: Нема силен европски блок без СДСМ, граѓаните знаат дека ВМРО ДПМНЕ нема план за европските интеграции

42

„Ние можеме секогаш да кажеме дека силен европски блок нема без СДСМ, дека силна европска влада нема без СДСМ и убедени сме дека СДСМ ќе биде столб на идната наша влада, сигурни сме дека право граѓаните ќе се определат за мнозинство за партиите кој што дават поддршка на европските интеграции, кој што сакаат да продолжиме по тој пат, нормално со исправање на сите оние грешки кој што сме ги направиле до сега, со нивно јасно признавање и работа за нивно надминување, нормално е дека во изминативе 8 години сме сработиле многу, сме испорачале многу и дека имаме и недостатоци кој што ќе ги надминеме. Убеден сум во тоа за тоа што сме биле секогаш со граѓаните и кога сме правеле добри работи и кога сме правеле грешки сме останале секогаш со граѓаните, и подготвени сме заедно со граѓаните и да ја добиеме победата на изборите, зошто, само да нагласам , за тоа што многумина сметат дека е време нели да дигнеме раце, да се откажеме од нашата иднина, да се откажеме од нашите политики, не, ние нема да се откажеме од ништо тоа го бараат од нас граѓаните, и оние потписи и поддршка за претседател Пендаровски но и крихот на нашите поддржувачи дека мора да се бориме понатаму за тоа што посилни сме кога сме заедно и посилни сме кога се бориме за европската кауза,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Во однос на прашањето дали СДСМ е поблизок коалиционен партнер со ДУИ или можеби здружената албанска опозиција, Маричиќ рече дека она што е важно е платформата на новата влада.

„Таа платформа да опфати длабоки реформи, да опфати некои поинакви практики од тоа до сега, да се скрати моќта на партиите, да се зголеми моќта на граѓаните, да се воспостави еден систем на заслуги. Граѓаните да имаат повеќе учество, тоа е нашата платформа, таа платформа подразбира и раст на платите и на пензиите и генерално животниот стандард, таа платформа подразбира забрзан пат кон ЕУ, таа платформа на крајот на краиштата ќе подразбира и подадена рака кон опозицијата за да учествува во процесот на европски интеграции за што имаме 2/3 закони не мал број, голем број кој што ќе мора да се донесат во наредните 4 годишен период. Така што секоја партија која што ќе се препознае во таа платформа ќе може да смета на подадена рака од СДСМ,“ порача Маричиќ.

ПретходнаЛидерот на СИРИЗА од денеска во војска
СледнаНајмалку 39 повредени во торнадо во САД