ПОЧЕТНА СВЕТ Денови на жалост во Бугарија поради смртта на патријархот Неофит

Денови на жалост во Бугарија поради смртта на патријархот Неофит

88

Според одлуката на Синодот на Бугарската православна црква (БПЦ), посмртните останки на патријархот Неофит денеска во 9 часот ќе бидат изложени на поклонение во Патријаршискиот соборен храм „Св. Александар Невски“.

Денеска и утре (15 и 16 март) се прогласени за денови на национална жалост во Бугарија поради смртта на поглаварот на Бугарската православна црква (БПЦ), патријархот и митрополит софиски Неофит.

Овие два дена националното знаме на Бугарија пред зградите на сите државни институции ќе биде спуштено на половина копје, а во бугарските дипломатски претставништава во странство ќе бидат отворени книги на жалост. Бугарските национални медиуми денеска и утре ќе треба да ги приспособат своите телевизиски програми и да не емитуваат забавни содржини, а ограничувања има и во однос на одржување на настани.

Поглаварот на БПЦ, како што објави Синодот на бугарската црква, почина по долго боледување на 13 март во Воено-медицинската академија во Софија како последица на повеќекратно откажување на органите.

Според одлуката на Синодот на БПЦ, посмртните останки на патријархот Неофит денеска во 9 часот ќе бидат изложени на поклонение во Патријаршискиот соборен храм „Св. Александар Невски“.

Претходна30 борци од Македонија загинале под украинско знаме, тврди руското МНР
СледнаДаден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција