ПОЧЕТНА СВЕТ 30 борци од Македонија загинале под украинско знаме, тврди руското МНР

30 борци од Македонија загинале под украинско знаме, тврди руското МНР

148

Руското Министерство за одбрана објави вкупен број на странски борци кои војуваат на страната на Украина и број на вкупно загинати. Според податоците што ги прикажуваат руските власти, 30 од 90 борци од Македонија загинале во борбите со руските сили. Нема податоци дали и колку лица од Македонија евенетуално се борат на руска страна,

-Почнувајќи од 24 февруари 2022 година, вкупно 13.387 странски платеници пристигнаа во Украина за да се борат за неонацистите“, наведе руското МНР и објави табела по континенти и одделно за секоја земја од светот која, според наведеното, има платеници во Украина.

На таа табела пишува дека на украинска страна од тој датум, 24 февруари 2022 година, биле регистрирани 90 лица од Македонија, а дека 30 се „елиминирани“.

Македонските власти досега не објавиле податок или процена дали и колку македонски државјани се вклучиле во оваа војна.

Како што може да се види, најмногу „платеници“ има од Полска, близу три илјади, од кои половината – 1.497 ги загубиле животите на фронтот. Потоа следуваат САД, Канада, Грузија и Обединетото Кралство, а процентот на загинати од нивните редови се движи од 40 до 50 отсто.

Од нашиот регион, најголем број борци се од Хрватска – 332, од Босна и Херцеговина – 207, од Албанија – 192, од Косово – 191, потоа следува Македонија со 90 лица, од Бугарија – 32, од Грција – 4 и од Србија е наведено само едно лице дека се приклучило на украинските сили.

Според податоците што ги прикажа рускот МНР, вкупно на украинска страна имало 13.387 странски борци од кои 5.962 загинале.

ПретходнаЕскобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ
СледнаДенови на жалост во Бугарија поради смртта на патријархот Неофит