ПОЧЕТНА ЗАБАВА Ценовен шок на пазарите низ Македонија: Бананите од 75 на 100 денари!

Ценовен шок на пазарите низ Македонија: Бананите од 75 на 100 денари!

322

Ценовен шок на пазарите низ Македонија, а пазарџиите се загрижени поради најавата за зголемување на цената на бананите.

Во моментов, килограм банани чини 75 денари, но се очекува новата цена да надмине 100 денари.

Пазараџијата Горан Илиевски, во разговор за Денар, истакнал дека е во дилема дали воопшто да купува банани за да ги препродава по висока цена или воопшто да не нуди банани на тезгата.

„Добивме информација дека набавната цена на бананите ќе се зголеми поради климатските промени и болестите кои ги засегнуваат плантажите. Ова ќе има директно влијание на нашите трговски цени и на крајните потрошувачи. На оваа сиромаштија помеѓу народот, кој ќе може да си дозволи банани за 100 денари? И сегашната цена од 75 денари им е висока, па луѓето се ценкаат или купуваат банани на парче. Најверојатно ќе мора да скратам од понудата и да се откажам од продажбата на банани”, изјави Илиевски за Денар.

Извор: Денар.мк

ПретходнаБританија ќе забрани други земји да поседуваат британски весници
СледнаМитева: Победата на Силјановска Давкова ќе биде со огромна разлика