ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Врховниот суд го потврди притворот за Александар Ѓорчевски: Одбиена жалбата на таткото...

Врховниот суд го потврди притворот за Александар Ѓорчевски: Одбиена жалбата на таткото на Вања

96

Неполни два часа од рочиштето, Врховниот суд експресно го потврди притворот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања осомничен за помогање на нејзиното грабнување пред да биде убиена.

Неговата жалба ја одби како неоснована, но во соопштението нема никакво образложение за ваквата одлука.

Претходно тој растревожен, во очигледно тешка психичка состојба и со остарен изглед во кратко и драмтично обраќање пред судот кажа дека единствено важно му е случајот да дбоие разрешеница, а потоа самиот ќе одлучи за својот живот.. На неговите зборови, освен официјалните лица, сведоци беа и неговите родители и сестрата кои добија и неколку минути за блиска средба со Александар.

-Јас сум поделен на два света во моментов, едното дете ми е тука, другото ми го одзедоа, воопшто не ми е битно каде ќе ја дочекам разрешницата, само сакам да ја дочекам, а потоа за себе како возрасен човек да донесам одлука дали ќе продолжам на овој свет или кај другото дете,- – Александар Ѓорчевски.

Обраќањето во судот имаше и обвинителката Наталија Тасевска која побара жалбата на одбраната да биде отфрлена поради стравувања дека Ѓорчевски може да избега или да влијае на сведоците. Но, неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ, смета дека немало никакви докази за ваквите тврдења.

Па дајте докази да видиме, како тоа смета јавниот обвинител и кои се фактите и доказите дека осомничениот ќе се даде во бегство, за такво нешто нема ниту индиција ниту помисла така да за мене како бранител состојбите се чисти, освен за обвинителот кој што сака да ги гледа работите од една друга перспектива. – ЈО преземало дејствија за преслушување на шест сведоци кои јас сум ги обезбедил како бранител, а доколку има некои други сведоци, ЈО треба да излезе и да каже кои се тие сведоци врз кои тој би можел да влијае. Сослушани се клучните шест сведоци кои биле во тој критичен период од 27 до обзнанувањето на трагедијата биле во непосреден контакт малтене 24 часа со осомничениот.

Ѓорчевски беше уапсен на 3ти декемри и притворот го отслужува во затворот во Шутка. Неговата одбрана, непосредно по неговото апсење тврдеше дека тој наместо во грабнувањето, учествувал во расчистувањето на случајот на неговата ќерка.

ПретходнаМодерен спортски центар на местото на старото игралиште
СледнаСИ ОДИ: Внукот на Ахмети до крајот на годината се повлекува од Соравија