ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Завесата полека, но сигурно се спушта: Шампионот знае дека „доаѓаат се почесто...

Завесата полека, но сигурно се спушта: Шампионот знае дека „доаѓаат се почесто вакви денови!“

116

Ретко се случувало во изминатите десетина години Новак Ѓоковиќ да загуби во официјален натпревар од послаб тенисер тенисер кој не е во топ100.

Но ете, се случи и тоа, италијанскиот тенисер Лука Нарди приреди сензација во 3. коло од Индијан Велс и на еден начин покажа дека Новак Ѓоковиќ во иднина се почесто ќе биде во вакви ситуации.

Како што рече и самиот Новак Ѓоковиќ на пресконференцијата по натпреварот, ретко кога бил во таква ситуација, да нема трофеј во март, како што се појавуваат нови имиња во „белиот спорт“, доминацијата на српскиот шампион ќе биде се побледа.

Свесен е и самиот Ѓоковиќ дека се ближи и неговиот професионален крај во тенисот, каков што е случајот со Рафаел Надал, па на заминување од пресконференцијата, за новинар од британски Телеграф, искоментира дека „доаѓаат се почесто вакви денови!“.

Кога е во прашање Гренд слем турнир, најслабо рангиран тенисер кој го добил Новак Ѓоковиќ е Денис Истомин од Узбекистан, кој во 2017-та како 117-ти на ранг листата го победи големиот шампион.

Претходно во конкуренција на повеќе турнири, рекордот го држеше Кевин Андерсон, кој во 2008 година го доби Ѓоковиќ во Мајами, како 122-то рангиран на АТП листата.

ПретходнаНа син ми и снаа ми наместо извод за венчани им дале извод за умрени, рече Стевчо Јакимовски
СледнаИсчезна 16-годишно дете од Скопје