ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Поразително: Половина од децата во скопските градинки ги немаат примено сите дози...

Поразително: Половина од децата во скопските градинки ги немаат примено сите дози вакцина против пертусис, некои ќе останат дома 6 месеци

101

Половина од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или нецелосно се вакцинирани со вакцина против голема кашлица односно пертусис, рече директорката на Државниот здравствен и санитарен инспкторат доктор Рената Младеновска.

Овие бројки таа ги црпи од податоците што ги добиле здравствените инспектори од контролите во државните и приватните градинки. Здравствените инспектори се на терен во градинките во целата држава и единствениот проблем со вакцинацијата е во Скопје, затоа што во градовите од внатрешноста, контролите покажале дека над 95 проценти од децата се вакцинирани со Ди Те Пер. Токму и во Скопје е прогласена епидемија со голема кашлица. Младеновска е децидна – нема да има исклучоци од правилото наложено од страна на министерот за здравство Илир Демири. А правилото е – секое дете кое ги нема примено сите дози вакцина против голема кашлица согласно задолжителниот календар за имунизација, да не се прима во градинка.

-Сите инспектори во Скопје почнаа да ги вршат вонредните инспекциски надзори согласно одлуката што ја добивме од страна на министерот за здравство. Издадовме решенија во сите градинки во Скопје за забрана за прием на невакцинирани деца со Ди Те Пер вакцината или пак за нецелосно вакцинирани деца со оваа вакцина. Согласно првичните информации од терен, речиси 50 проценти од децата кои посетуваат градинки во Скопје се невакцинирани со Ди Те Пер вакцината или нецелосно вакцинирани што е поразителен факт за ова општество. Вчера одговорните лица во градинките ни ги доставија списоците и од таму ги влечеме овие бројки. Оваа акција ќе продолжи и наредните денови. Директорите на детските градинки не уверија дека ќе ја почитуваат мерката а ние ќе проверуваме, рече директорката на ДСЗИ доктор Рената Младеновска.

Таа додаде дека е апсолутно неточно оти дете кое е вакцинирано треба да седи 21 ден дома после вакцината.

ПретходнаШОК: Ѓоковиќ поразен од анонимен тенисер – далеку над 100-то место на АТП листата
СледнаНа син ми и снаа ми наместо извод за венчани им дале извод за умрени, рече Стевчо Јакимовски