ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Обид за брутално убиство: Скопјанец десетпати боден со нож во гради, осомничени...

Обид за брутално убиство: Скопјанец десетпати боден со нож во гради, осомничени пет лица – еден во бегтво

1017

Во врска со кривично-правен настан случен на ден 08.03.2024 година околу 19:00 часот каде што лицето М. А. (32) од Скопје е нападнато од 5 НН лица при што истото се здобило со 10 убодни рани од нож и расекотини во пределот на градите, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје сторителите се откриени и приведени и утврдено е дека се работи за лицата Х. Е., С.Е., Б. Е., И.Е. и Ј.Б.

„На ден 09.03.2024 година во просториите на Единица за насилен криминал извршен е разговор со лицата Х. Е., С.Е., Б. Е., И.Е. за кои разговори се сочинети службени белешки, додека лицето Ј. Б. во моментот е недостапен за органите на прогонот.

Од страна на полициски службеници од ЕНК и полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар извршена е дополнителна претрага на лице место каде што подигнати се брис со трага слична на крв и штрафцигер со сина рачка.

Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава за кривично дело “Убиство“ во обид, предвидено и казниво по член 123 вв член 19 од КЗ против сите пет лица. Од страна на судија на претходна постапка на лицата Х. Е., С.Е им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата Б. Е., И.Е определена им е мерка домашен притвор“, велат од МВР.

ПретходнаЃоковиќ загуби сет, но ја помина првата пречка на Индијан Велс
Следна33 лица се приведени поради сомнение за подготвување напад во пресрет на изборите во Турција