ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Се преврте камион на патот Скопје – Блаце, сообраќајот е во...

(ФОТО) Се преврте камион на патот Скопје – Блаце, сообраќајот е во прекин

585

Утринава околу 07.30 часот камион се превртел на патот Скопје – Блаце, па сообраќајот е во прекин. Камионот со скопски регистрации удрил во бетонски столб во близина на граничниот премин „Блаце“, по што се превртел. Од МВР информираат дека нема повредени лица.

„На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци.

На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина” – наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

ПретходнаБрутален напад на Русија, експлозии одекнуваат низ целата земја
СледнаМО не ја исклучува можноста да прими на лекување војници од Украина, вели Петровска