ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Навивачите на Лацио бесни на капитенот: Пензионирај се или оди во Саудиска...

Навивачите на Лацио бесни на капитенот: Пензионирај се или оди во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

46

Лацио не успеа да оствари позитивен резултат во Минхен кај Баерн, а поразот од 3-0 значаше и крај на настапот во Лигата на шампиони за оваа сезона.

Лацијалите го добија првиот меч со 1-0, меѓутоа беше повеќе од јасно дека ги очекува многу тешка задача на реваншот на „Алијанц Арена“ каде немаа ниту еден шут во рамките на голот на Мануел Нојер.

Најголемата шанса за калчолигашот ја пропушти капитенот Чиро Имобиле во првото полувреме, утка која многу ги налути навивачите на клубот од Рим кои му испратија неколку пораки.

-Промашена шанса и тоа повторно од пензионерот Имобиле и потоа примивме гол. Тоа се правилата.

-Збогум ЛШ. Беше забавно додека траеше. Имобиле е готов.

-Пензионирај се или оди во Саудиска Арабија, -беа дел од пораките што секако не е коректно кон напаѓачот кој има направено многу за екипата низ изминативе години.