ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шеваљ Муареми во Дубаи – МВР распиша потерница и бара негова екстрадиција

Шеваљ Муареми во Дубаи – МВР распиша потерница и бара негова екстрадиција

505

Меѓународна потерница за главниот бос на криминалната група „Дуќанџик“, Шеваљ Муареми е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи (МВР), како и за уште за седум лица осомничени во истрагата. По месец дена откако беше сузбиена криминалната група, инволвирана во недозволена трговија со дрога и убиства, ликот на Муареми осамна во потрагите по исчезнати лица.

Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази на брифинг со новинарите рече дека се во комуникација со властите во Дубаи, каде се наоѓа Муареми и ќе се бара негова екстрадиција.

Муареми, како што пишуваше претходно КОД заминал во Дубаи со целото семејството веднаш по убиството на неговиот другар и исто така водач на групата Јетон Кривањева Жила во „Шиша бар“ во скопската Стара чаршија. Дека Шеваљ е во Дубаи сведочат и неговите објави и фотографии на социјалните мрежи.

Постапката за екстрадиција од оваа земја од Обединетите Арапски Емирати е иста како сите други постапки за екстрадиција со една единствена разлика. Барањата за екстрадиција се упатуваат преку МНР. Ова не е случај само со Дубаи.

„Со нив немаме билатерален договор и не се членки на Конвенциите на Обединетите нации кои покриваат широк спектар на дела, како што се транснационален и организиран криминал, корупција, недозволена трговија со дрога, трговија со оружје, луѓе. Доколку овие Конвенции не го опфаќаат кривичното дело за кое е распишана меѓународна потерница се применува принципот на реципроцитет“, велат од Министерство за правда.

Второосомничениот во истрагата за кого е објавена потерница, 50-годишниот Дритон Ибиши е во Каталонија, во притвор за друго кривично дело. Ќе се бара и негова екстрадиција. Со години живее во Барселона, а неодамна бил во посета на Македонија. И заменикот на Шеваљ кој раководел со групата во земјава, Мухамед Далипи викан Руди се бара со потерница.

ПретходнаХОРОР, УЖАС: Патничка паднала во автобус на ЈСП „Скопје“, добила тешки повреди
СледнаДевојка од Петровец била истепана во Аеродром