ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Интер руши рекорди, Инзаги како ниеден друг тренер во клупската историја

Интер руши рекорди, Инзаги како ниеден друг тренер во клупската историја

40

Екипата на Интер е во неверојатна форма и буквално ги „меле“ противниците во италијанската Серија А. Тимот на Симоне Инзаги ги одушеви навивачите и со изданието против Аталанта, а „нероаѕурите“ на крајот славеа со убедливи 4-0 и создадоа разлика од 12 бода пред второпласираниот Јувентус.

Се чини дека ништо не може да го запре Интер на патот кон титулата, а тоа се потврдува и со пеколната офанзива која на последните четири натпревари постигна 16 голови (4-0 со Аталанта, 2-4 со Рома, 0-4 со Лече и 4-0 со Салернитана).

Ова е првпат по 1930 година екипата да постигне четири гола на четири мечеви по ред, а воедно Симоне Инзаги постави и нов клупски рекорд за седум последователни победи од стартот на календарската година. Такво нешто не му успеа на ниту еден друг тренер во историјата, па се чини дека продолжувањето на договорот со Инзаги беше полн погодок за управата и навивачите.

Италијанскиот гигант е на одличен пат кон скудетото, а во Лигата на шампионите го очекува реванш-дуелот со Атлетико Мадрид. Интер има предност од 1-0 по првиот натпревар на „Џузепе Меаца“.

ПретходнаТрагедија ја потресе источна Македонија: Починато лице пронајдено во куќа – телото веднаш предадено на обдукција
СледнаПукање во Зелениково: Се пукало од огнено оружје