Ова го правиме со единствена цел на овие потрошувачи коишто во екот на најголемата енергетска криза не добиваа субвенција од државата сега да им помогнеме затоа што се остварени услови за тоа“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски на денешната прес-конференција на која ја соопшти одлуката.
Фирмите, основните училишта, градинките и малите дуќани ќе плаќаат пониски сметки за парно греење за 35 проценти, почнувајќи веќе од сметките за февруари кои ќе им бидат испорачани следниот месец, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Одлуката денеска на прес-конференција ја соопшти претседателот на РКЕ Марко Бисломоски, кој кажа дека таа се заснова на намалените трошоци за природен гас, согласно цените за овој енергенс на европските берзи.
-Ние во изминатиов период ја следевме цената на природниот гас на берзите во Европа и имајќи предвид дека претходната одлука имавме отидено со повисоки цени, бидејќи такви беа прогнозите, она што гледаме како реализирано во јануари, февруари и предвидувањата за наредниот период ни дада основ да ја донесеме оваа одлука со единствена цел на овие потрошувачи коишто во изминатиот период немаа никаква субвенција да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија“, рече претседателот на РКЕ.
Тој верува дека вакавата одлука дополнително ќе влијае и ќе придонесе за зголемување на бројот на нови потрошувачи пред се од деловните корисници кои ќе се приклучат на централниот систем за греење во главниот град.
Бислимоски, одговарајќи на прашање беше дециден дека намалувањето на цената на топлинската енергија ќе важи подеднакво за сите деловни корисници, без разлика дали станува збор за поголеми или помали фирми.