ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во матичните служби повеќе нема да се прашува за национална припадност

Во матичните служби повеќе нема да се прашува за национална припадност

187

При вадење на извод од матична книга на родени, венчани или починати, граѓаните повеќе не треба да наведат националност. Уставниот суд ги укина членовите од законот за матична евиденција кои обврзуваа на изјаснување национална припадност.

„Станува збор за приватно и внатрешно чувство на човекот и нкикој не може да биде принуден тоа чувство јавно да го манифестира и уште повеќе, да биде предмет на задолжително институционално администирање во јавните исправи“, изјави Христина Беловска, Портпарол на Уставен суд.

Првиот човек на правда, во објава на фејсбук оцени дека со денешното гласање, судот ја нарушил правичната застапеност на заедниците и слободното изразување на национална припадност, бидејќи како што пишува, имало надгласување од страна на судии од мнозинството врз судиите од немнозинството во однос 5 наспрема 3.. Лога, реакцијата ја завршува со партизанското мото, „смрт на фашизмот – слобода на народот“.

Изјаснувањето за националност стана задолжително откако министерот за правда изработи упатство за матичните служби со кое во изводите се додаде и графата националност, а беше меѓу првите кои извадија таков извод. Уставен со времена мерка ги забрани таквите изводи бидејќи Лога задоцнил со објавувањето на упатството во Службен весник.. Во меѓувреме по предлог на Левица, судот денеска ги укина и членовите од законот за матична евиденција.