ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Страотна несреќа ја потресе Македонија – со детали се огласија и...

(ФОТО) Страотна несреќа ја потресе Македонија – со детали се огласија и од МВР

992

МВР излезе со детали за сообраќајката која се случи утрово на патот Кавадарци-Росоман кај селото Манастирец. Во несреќата учествувале „фиат пунто“ и „пежо“ а две лица се тешко повредени и пренесени во кавадаречката болница.

„Денеска (28.02.2024) во 06.48 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патичко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53) од Росоман и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(23) од Росоман.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

ПретходнаДевојка сместена во здравствена установа добила забранети работи преку пошта
СледнаВо матичните служби повеќе нема да се прашува за национална припадност