ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ковачевски: Штип и целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот мора да...

Ковачевски: Штип и целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот мора да продолжи

74

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва заедно со раководството на партијата и членови симпатизери на СДСМ, го отворија Штабот на СДСМ во Штип.

Во обраќањето пред присутните членови, граѓани и симпатизери на СДСМ, претседателот на партијата Ковачевски истакна дека граѓаните ја препознаваат европската политика на просперитет и затоа голема е и поддршката за партијата. „Тоа што сте вечерва тука во вака голем број е порака од Штип и целиот македонски исток дека напредокот на земјата мора да продолжи, нема враќање назад, нема застанување.

СДСМ е подготвен и одиме на двојна победа на претседателските и парламентарните избори.

СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, ние се залагаме и носиме одлуки за општо добро на нашите граѓани, да им обезбедиме квалитетен живот на сите генерации, да обезбедиме економски просперитет на државата“-рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

ПретходнаИзгласан Законот за спорт, ќе има ваучери за спортистите
СледнаАко скенирате фискални сметки, ова ќе биде УБАВА вест за вас – ќе се менува границата за тримесечна исплата