ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АВМУ: Осуда за изјавата на лидерот на СДСМ

АВМУ: Осуда за изјавата на лидерот на СДСМ

177

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека “дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија.

Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници.

Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите.

ПретходнаГолема трагедија ја потресе Македонија вечерва: Маж на 30-тина години пронајден мртов, ОЈО со детали од несреќата
СледнаФОТО од лице место: Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – ова се деталите