ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уште една лоша вест од патиштата на истокот од државата: Младо момче...

Уште една лоша вест од патиштата на истокот од државата: Младо момче излета со автомобилот – тешко повредено

776

На 14.02.2024 во 10:30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, во близина на надвозник на експресен пат Штип – Кочани, товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од Штип, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.