ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Реакции по социјалните мрежи: А парите ќе важат од утре?

Реакции по социјалните мрежи: А парите ќе важат од утре?

472

Oва што ни се случува со документите и неспособноста на власта да го реши овој проблем, предизвика бројни реакции по социјалните мрежи. Пренесуваме дел од нив.

Ако не фатат без возачка од Северна, дали ќе може казната да ја платиме со пари на кои пишува Република Македонија?

И парите не важат веќе?

Сите кредити заверени на нотар на кои не им пишува Северна Македонија, од вторник нема да важат.

Сите бракови на кои на венчаниците не им пишува Северна Македонија, од полноќ на 12.02.2024 нема да важат.

Последна информација, после пасошите, личните карти и возачките дозволи и изводите за склучен брак на кои не пишува Република Северна Македонија од 12.02.2024 во 24:00 нема да важат, па према тоа сметајте дека државата ве развела. А за монетите и новчаниците се чека нова информација

Овие пари важат од утре за плаќање или за палење ќумбе да ги користиме?

А ако ме фатат на Водно при љубовен чин во возило, а јас имам стара возачка, каква казна ќе ми пишат?

Нашите прадедовци кренаа востание ‘903-та за угнетувањето и тиранијата. Нашите дедовци водеа битки со „администратори“, фашисти, нацисти. А за кои битки ние ќе им кажуваме на нашите внуци? За битките и нападот на „участокот“ да извадиме пасош или лична карта. Катастрофа, каков народ таква власт.

Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02.2024 сабајле во 8 часот треба да биде во Јавно обвинителство.

ПретходнаПендаровски: Никој не смее да биде казнет, барам Собранието да донесе одлука за важење на возачките дозволи
СледнаВНИМАВАЈТЕ: Доколку утрово патувате на овие делови од државата – има одрони