ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хорор во автобус на ЈСП: Голем инцидент и тепачка, скршен прозор –...

Хорор во автобус на ЈСП: Голем инцидент и тепачка, скршен прозор – апел до партиите да ги СМИРАТ тензиите

1631

Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.

Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ.

Истовремено, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите.

Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки.

За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото, соопштуваат од ЈСП Скопје.

ПретходнаЈутјуберот Лазаров: Сложни успеавме луѓе, возачките ќе траат до крајот на годината – браво се изборивме за ова
СледнаДоцна вечерва: Македонија доби ДВА нови министри – еве за кои станува збор