ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Убијците на Тот ја добија КОНЕЧНАТА казна затвор – дали е доволно?!

Убијците на Тот ја добија КОНЕЧНАТА казна затвор – дали е доволно?!

3850

Советот при Врховниот суд откако ги разгледа поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, донесе одлука со која истите ги одби како неосновани и ги потврди изречените казни од 18 и 16 години затвор.

Претходно, Апелација ги потврди казните на сите осудени во случајот.

Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски издржува 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска исто така издржува 18 години затвор. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години.

Пресудата за Денис Тот од Кривичен беше изречена во ноември 2022 година. Обвинетите негираа вина за делото убиство. Тие бараа да им се суди за тепачка.

Судскиот процес траеше два и пол месеци, а беа сослушани голем број сведоци на настанот, како и вештаци. Клучни беа и снимките од видеонадзорот пред клубот, пред кој Тот беше убиен, но и оние од градските камери.

ПретходнаБОМБА над бомбите: ДУИ се одлучи – Османи ќе биде главен „борец“ на овие избори?
СледнаПо она што ги изненади сите, драстично се зголеми желбата за вакцинација на децата – ова се најновите бројки на заболени