ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кадровската комисија на Алијанса бара да бидат разрешени министри од нивните редови

Кадровската комисија на Алијанса бара да бидат разрешени министри од нивните редови

89

Одлука за разрешување на Азир Алиу и Фатмир Меџити донесе кадровската комисија на Алијанса за Албанците. Двајцата се најдоа на мета на Села откако му дадоа поддршка на лидерот на партијата Арбен Таравари.

За ваквата одлука преку соопштение информираше партијата, а зад него стои Централното собрание и поранешен партиски лидер, Зијадин Села.

Од партијата информираат дека ваквата одлука е донесена со поддршка од мнозинството на комисијата која е составена од 7 члена, а „ЗА“ гласале петмина од нив.

Во образложението на комисијата стои дека ваквиот чекор бил неопходен затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс.

Министрите Алиу и Меџити, јавно изјавија дека не им паѓа на ум да поднесат оставки, и рекоа дека единствено одговараат пред претседателот на партијата.

Расколот во Алијанса за Албанците кулминираше откако Таравари преку Фејсбук соопшти дека партијата ќе се приклучи на опозициската коалиција Европски сојуз за промени.

Села пак, инсистира на самостоен настап, што од друга страна, се толкува како можност по изборите СДСМ и ДУИ повторно да состават влада.

ПретходнаСо влегување на приватните енергетски инвестиции – граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за парно
СледнаЛошите вести брзо се проширија: На детската клиника во Скопје е хоспитализирано бебе со голема кашлица – грипот зема замав