ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нема траг од неготинецот Панов кој исчезна пред повеќе од една година

Нема траг од неготинецот Панов кој исчезна пред повеќе од една година

257

Повеќе од една година нема траг од неготинецот Коце Панов (80), кој на 27-ми ноември 2022 година излегол од дома и повеќе не се вратил, објави Фокус.

Исчезнувањето во полиција го пријавил неговиот син истиот ден, околу 13 часот, за ,,Фокус” појаснуваат од СВР Велес.

Настанот е актуелна тема во градот која го вознемири населението, бидејќи секогаш во минатото кога се случувало некое лице да исчезне, истото било пронајдено за кратко време.

Од СВР Велес додаваат дека во врска со случајот, биле преземени повеќе активности, а лицето уште се води како исчезнато.

-На 27.11.2022 во 13.15 часот во ОВР Неготино, Ѓ.П. од Неготино пријавил дека истиот ден од домот во Неготино се оддалечил неговиот татко К.П. (80). По барање на ОВР Неготино, а по Наредба на ОЈО Кавадарци на 03.03.2023 е извршено полиграфско тестирање врз Ѓ.П., по што по насоки на јавен обвинител е задржан во ОВР Неготино, а на 04.03.2023, со судска наредба, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето Ѓ.П..

Целиот текст на Фокус.мк – клик ТУКА.

Веста која ги шокираше сите, момче во Аеродром и ја соблекол долната облека на соученичка од второ одделение:

ПретходнаСлучај Онкологија: Петмина директори и доктори под истрага – одредена мерка на претпазливост
СледнаХорор вести од Србија: Четирите бебиња починаа како последица предизвикана од голема кашлица