ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР ХОРОР ја потресе Македонија: Маж пронајден мртов на фарма, делови од телото...

ХОРОР ја потресе Македонија: Маж пронајден мртов на фарма, делови од телото му биле изедени од свињи

31

Претпоставката е дека мажот починал пред два дена, но обдукцијата на неговото тело, која ќе биде извршена по наредба на јавен обвинител, треба да ги открие причините за смртта.

Од ОЈО Прилеп засега немаат повеќе детали за случајот освен дека телото на починатиот 80-годишник било пронајдено од неговиот син.

Осумдесетгодишен прилепчанец денеска бил пронајден мртов во двор на фарма на периферијата на Прилеп. По добиениот повик, екипа на Итната медицинска помош пристигнала на фармата каде што го затекнала телото на мажот и констатирала смрт. Констатирано било и дека делови од телото на мажот биле изедени од свињи.

„Пристапот до фармата беше тешко пристапен, но со помош на полицијата влеговме во дворот и го пронајдовме телото на прилепчанецот, роден во 1943 година. Но сликата беше тешка и морничава. Имаше изедени делови од телото од свињи, десното стапало, делови од лицето, вратот, од градниот кош“, изјави доктор Софија Ристеска од службата за Итна помош од Прилеп, која интервенирала на местото.

Претпоставката е дека мажот починал пред два дена, но обдукцијата на неговото тело, која ќе биде извршена по наредба на јавен обвинител, треба да ги открие причините за смртта.

„Повикот за интервенција го добивме од комунален работник кого синот на починатиот го замолил да се јави, зашто изутрината го пронашол. Според кажувањето, тој татка си го немал видено една недела, а соседите велат дека последно го виделе во понеделникот“, додава Ристеска од Итната медицинска помош Прилеп.

ПретходнаТРАГЕДИЈА: Српска пејачка загина во Дубаи – паднала од 24 кат
СледнаУХМР алармира за засилен ветер кој ќе достигне до 60 км/час и снег за време на викендот