ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ГОТОВО Е: Арсовска има нова партија – познато е како се вика

ГОТОВО Е: Арсовска има нова партија – познато е како се вика

113

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, утре ќе биде избрана за претседателка на партијата „Нова Алтернатива“.

Конвенцијата ќе се одржи во Скопје, известија од партијата која во 2008 година беше формирана од Ѓорги Оровчанец, и која оттогаш е во коалиција со СДСМ.

Арсовска претходно најави формирање на нова политичка партија, но за таков чекор потребни се 1000 граѓански потписи и сложена процедура.

Денеска нема официјален коментар од скопската градоначалничка за информацијата која беше потврдена од оваа партија.