ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прилепчанец пронајден мртов во паркот спроти плоштадот „Методија Андонов Ченто“

Прилепчанец пронајден мртов во паркот спроти плоштадот „Методија Андонов Ченто“

143

Во раните утрински часови, во паркот наспроти плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, 42 годишен прилепчанец бил пронајден мртов.

Во соопштението на СВР Битола стои дека безживотното тело на прилепчанецот било пронајдено вчера, во 06.58 часот, од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“-Прилеп.

-Од комуналното претпријатие во полицијата било пријавено дека во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп бил пронајден починат Г.В.(42) од Прилеп. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт-соопшти СВР Битола.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот прилепчанец било дадено на обдукција.