ПОЧЕТНА СВЕТ Не дозволуваат никој да си игра со нив: САД и В. Британија...

Не дозволуваат никој да си игра со нив: САД и В. Британија со ракети извршија силен напад – брзо се огласи и Русија

103

По постојаните напади на Хутите врз бродови во Црвеното Море, САД и Велика Британија почнаа со напади врз воени мети во Јемен.

Американски и британски авиони и воени бродови извршија напади врз воени објекти на бунтовничката група Хути во Јемен. Според изјави на Хутите, но и на претставници на САД и В. Британија, мета првенствено биле аеродроми за кои западните сили сметаат дека се локации од кои Хутите лансираат ракети и дронови, како и складишта за оружје и радари.

Повикувајќи се на неименуван извор во американската влада, во нападите се користат и моќни ракети Томахавк.

Хутите се јеменска бунтовничка група која во војната на Блискиот исток ги поддржува Палестинците против Израел, а тие, пак, се поддржани од Иран, една од најмоќните држави во регионот. Во последните месец и половина, тие тргнаа во лов на трговски бродови во Црвеното Море и ја попречуваа глобалната трговија.

Американското воздухопловство соопшти дека на удар во нападите против јеменските Хути биле повеќе од 60 цели на 16 локации – командни места, складишта со оружје, производствени погони и радари на противвоздушната одбрана.

Британското кралско воздухопловство, пак, соопшти дека нивно летало погодило две мети од кои една била аеродром во близина на Абс. Дригата мета била комплексот Бани од кој, според разузнувачки информации, се лансирале извидувачки и јуришни дронови. Во нападите учествувале четири авиони Тајфун кои полетале од базата на Кипар.

Постојаната мисија на Русија во Обединетите Нации (ОН) побара итна седница на Советот за безбедност по нападите на САД и на Велика Британија врз позиции на Хутите во Јемен. Состанокот, според агенцијата ТАСС, е закажан за 16 часот по локално време во Њујорк.

Со Резолуција на Советот за безбедност во средата беше побарано јеменските Хути веднаш да престанат со нивните напади врз бродови во Црвеното Море. Русија и Кина беа воздржани при гласање, како и Алжир и Мозамбик. За документот беше усвоен со 11 гласа „за“.