ПОЧЕТНА ЗАБАВА Единствен фризер во Македонија кој ги средува најголемите балкански ѕвезди – Секи...

Единствен фризер во Македонија кој ги средува најголемите балкански ѕвезди – Секи од Охрид

2596

Сејнур Ракиповски или како што сите го знаат – Секи е македонски фризер кој поставува нови граници во својата професија. Секи кој сега има 24 години, активно во овој бизнис е повеќе од осум години, што значи дека неговите почетоци се уште од 16 годишна возраст.

Млад, скромен, ненаметлив дечко кој сака да успее, се труди и создава име за кое веќе знаат сите балкански музички ѕвезди. Така започнува неговата приказна..

Светско, а наше! Тоа е кратката реченица со која може да се објасни работата на Секи и неговиот салон, во кој сите балкански ѕвезди при гостувања во Охрид го бараат само него.

Нучи, Војаж, Тања Савиќ, Јелена Розга, Александра Пријовиќ, Даниел Блашко, Александра Матрикс, Љупка Стевиќ, Кристијан Голубовиќ, Иван Јованов, Огнен Здравковски, и многу други, се лицата со кои тој соработувал, а дел од фотографиите може да ги пронајдете и на неговиот Инстаграм профил: seki_rakipovski

И иако многумина би се задоволиле со успехот кој го постигнал тој, Секи го прави спротивното, вели дека ова е само почеток и започнува да инвестира во себе и својот салон на еден поинаков начин.

Па така, се почесто може да се забележи на престижни семинари од оваа област во Скопје, но и пред се во соседна Србија, како и во Турција и соседна Грција. Покрај неговото учество и натпреварување на тие семинари, Секи се почесто добива и покани да биде дел од жири комисија која ги оценува самите натпреварувачи.

Нема дилеми, Секи веќе е број еден во Охрид и пошироко. Но, многу наскоро се очекува да започне својот бизнис да го прошири во повеќе делови од државата, но и надвор од неа. Допрва ќе слушнете за Секи, а неговата работа може да ја следите и на неговиот инстаграм профил каде има повеќе од 52.000 следачи: seki_rakipovski

ПретходнаНе дозволуваат никој да си игра со нив: САД и В. Британија со ракети извршија силен напад – брзо се огласи и Русија
СледнаДали е време за промена: Бројот на пратеници од 120 да се намали барем на 100?