ПОЧЕТНА ЗАБАВА Бившиот сопруг на Тамара Тодевска, популарниот Мачка си ќари згодна кошаркарка –...

Бившиот сопруг на Тамара Тодевска, популарниот Мачка си ќари згодна кошаркарка – таа е вистинска „бомба“

228

Александар Димитровски, попознат како Мачка, продолжи со животот по разводот од пејачката Тамара Тодевска. Откако пејачката прва отворено ја призна врската со архитектот Лука Радовиќ, на социјалните мрежи осамнаа фотографии од Мачка и згодната кошаркарка и фитнес моделка, Едина Муса.

Мачка и Едина заедно ја прославија Новата година и за нив се зборува дека се новата македонска двојка. Муса на својот профил објави и заедничка фотографија од родниот град на Димитровски, Гевгелија, а потоа и од кошаркарски натпревар во Србија.

Во ноември минатата година осамна веста дека Тамара и Мачка се разведуваат откако летото истата година прославија 7 години брак, а Едина пак, во 2020 година ја прекина врската со фитнес тренерот и модел Серџо Спасов.

Со оглед на тоа што кошарката им е заедничка љубов, тие го проследија и дербито на Црвена Ѕвезда и Партизан во српската метропола.