Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево, кое во понеделникот почина во болница по 22 дена борба за живот, откриваат полициски извори за „Курир“.
Вчера во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија 30-годишниот Ф.Д., татко на девојчето, кој е осомничен дека на 18 декември ѝ нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.
Девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од каде nа 18 декември 2023 година во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево.
Полициски службеници извршиле службен разговор со неговата мајка, која изјавила дека детето се здобило со повредите при пад при детска игра.
Низ кичевската чаршија се зборува дека семејството било дисфункционално, а детето живеело во нездрава средина во која претходно се случувало семејно насилство.
Осомничениот татко денеска треба да даде исказ и пред јавен обвинител. Од Обвинителството со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.