ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Случајно бил таму, ама свртен со грб – пак ништо не е...

Случајно бил таму, ама свртен со грб – пак ништо не е виновен: Адвокатот на Беким Незири го брани својот клиент

124

Беким Незири не учестувал во настанот каде е извршен упад во контролата кула на летање вели адвокатот Еленко Миланов кој го застапува Незири и додава дека целиот овој настан и целата оваа фама е започната со дезионформација дека настанот се случил во контролата кула на М-НАВ.

– „Целиот овој настан е започнат со една дезинформација којашто постојана се повторува и на таа дезинформација се засноваат и сите други изјави и коментари како на стручната така и на нестручната јавност. Во овој настан нема нешто што се случува во контролната кула, ниту има во контролната или пак во близина на контролата кула ниту пак лице кое во тој момент треба да извршува свои обврски во контролната кула“,, вели Миланов

Авокатот додаде дека Незири се јавил во рок од половина час на повикот на МВР, ги дал сите свои наводи кои имал потреба да ги даде и дека тој е тука и дека нема потреба никаде да бега.

– „Беким се јави во рок од половина на час на поканата на МВР, ги даде сите свои наоди, и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека нема намера да бега, туку сака да докаже што стварно се има случено, во коешто тој нема никаков допринос затоашто тој настан се случува зад неговиот грб од други лица ниту пак со лице кое влага со него во зградата на М-НАВ“, вели адвокатот“ Миланов

Инаку Беким Незири е еден од 8-мината осомничени за упадот во контролата кула на Летање што се случи на 4-ти јануари каде беа нападнати контролори кои во моментот на нападот биле на своите работни места и ги наведувале авиониот во воздушниот простор на Македонија.

Незири се товари за делото загрозување безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со користење на уред, материја или оружје од членот 303 од КЗ каде е предвидена кана затвор од најмалку пет години.

ПретходнаПочина двегодишното дете од Кичево, уапсен таткото кој е осомничен дека го претепал
СледнаСе огласи и мајката на починатото 2-годишно дете од Кичево – нејзината изјава ги ШОКИРАШЕ СИТЕ