ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Власта пред да се јави во Грција да си одговори – кој...

Власта пред да се јави во Грција да си одговори – кој е виновен за хаосот и понужувањето околу пасошите…

123

Конечно и власта почна да зборува за малтретирањето и понижувањето на граѓаните кои мрзнат со денови чекајќи ред за да ги сменат личните документи. По многуте реакции и жалби од населението дека наметнатиот ултиматум ги доведе до апсурдна и недостоинствена ситуација – вчера се огласи претседателот Стево Пендаровски и Предложи да се одложи наметнатиот датум. Набрзо прозборе и премиерот Димитар Ковачевски.

Ќе го решат ли проблемот кој самите го направија?

Вадењето на нови лични документи го допира дното на човечкото достинство. Долгите редици и повеќечасовно чекање сега го заменуваат караници, туркање, па дури и кршење на влезните врати на пунктовите за фотографирање и вадење на новонаправените документи. Вака веќе е неодржливо бидејќи секој ден може да се случи некој полош инцидент со оглед дека крајниот рок на 12-ти февруари наближува.

Веќе е јасно дека до истекот на тој рок голем дел на граѓаните нема да успеат да ги сменат документите. Од едноставна причина што не може да дојдат на ред, ниту на пунктовите ниту да добијат термин преку телефонско закажување.

Сега да се јавите за термин ќе ви закажат за во октомври. А власта притиска да имаме документи со нивниот омилен збор „северна“ веќе во февруари.

Кој е виновен што има вакви апсурди?

Премиерот соопшти дека Владата наскоро ќе се изјаснела околу можно менување на ултимативниот термин, ама откако ќе била консултирана и Грција.

Не е познато дали ќе се изјасни и за тоа – зошто се дозволи да се дојде во ваква ситуација, граѓаните да не можат да дојдат на ред за замената на документите? Зарем целата операција и обврската не можеше подобро да се организира?

Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.

ПретходнаСе огласи и мајката на починатото 2-годишно дете од Кичево – нејзината изјава ги ШОКИРАШЕ СИТЕ
СледнаШТО СЕ СЛУЧУВА: За само 24 часа исчезнаа три момчиња родени во 2009 година – страв и трепет во Загреб и Риека