ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Бидете крајно внимателни: Многу македонски граѓани останаа без пари на своите...

(ФОТО) Бидете крајно внимателни: Многу македонски граѓани останаа без пари на своите сметки – ИЗМАМА која е многу опасна

250

Голем број на граѓани биле измамени од измамници кои праќаат смс порака од број со префикс +33, за наводна пратка која треба да се царини, а притоа во пораката се дава линк кој води до сајт со име mkposta.com, кој е лажен сајт.

– Вашата нарачка подлежи на царина, пишува во пораката и ве наведува да кликнете на линкот при што треба да внесете ваши лични податоци и картичка за што пишува дека ќе се наплатат 1,99 евра, но со ова на граѓаните им се крадат податоците од нивните кредитни картички и од сметките им се повлекуваат поголеми суми на пари.

Медиумите пишуваат дека на некои граѓани им биле повлечени и до 500-600 евра од нивните картички, а некои се спасиле со навремен повик до банката.

Доколку сте го направиле ова, веднаш јавете се во вашата банка за да ја блокира трансакцијата.

За случајот веќе алармираа дел од банките, а измамата веќе е пријавена во полиција.

Бонус видео – Не е среќен оној кој многу има, туку оној на кој малку му треба