Упадот во М-НАВ се случи вчера попладне непосредно по прес-конференцијата на лидерот на Струковиот синдикат на контролорите на летање Александар Тасевски, на која тој информира дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување. Од Владата вчера најавија дека на наредната седница ќе биде предложена и донесена одлука за разрешување на целото раководство, како и на сите членови на Управниот одбор на М-НАВ.
По вчерашниот инцидент во Македонската навигација (М-НАВ), каде што неколку лица и вработен во Навигацијата упаднаа во институцијата и нападнаа друг вработен, претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди, за денеска во 14 часот закажа прес-конференција која, како што е најавено, ќе се одржи пред административните простории на М-НАВ АД Скопје на улица „Македонија“ бр 25, Палата „Лазар Поп Трајков“.
Од Министерството за внатрешни работи синоќа информираа дека по упадот во Македонска навигација четири лица поврзани со настанот се во полициска станица и со нив се вршат службени разговори. Засега официјално не е познат точниот број на лица кои упаднаа во Навигација, но според она што досега од познато од соопштенијата на МВР, најверојатно станува збор за осум лица.
Упадот во М-НАВ се случи вчера попладне непосредно по прес-конференцијата на лидерот на Струковиот синдикат на контролорите на летање, Александар Тасевски, на која тој информира дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување.
Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни