ПОЧЕТНА СВЕТ (ФОТО+ВИДЕО) Објавена слика наводно од нападот во М-НАВ, сепак кога подобро ќе...

(ФОТО+ВИДЕО) Објавена слика наводно од нападот во М-НАВ, сепак кога подобро ќе видите – тоа е од Лондон

125

По вчерашниот упад во Македонска навигација (М-НАВ), при што насилници нападнаа и истепаа контролори на летање, претседателот на Управниот одбор и извршен директор Фахрудин Хамиди за денеска во 14 часот закажа прес-конференција, која ќе се одржи пред административните простории на М-НАВ АД Скопје на улица „Македонија“ бр 25, Палата „Лазар Поп Трајков“.

Во упадот учествуваше и ексминистерот Беким Незири, кој со својата картичка ги пуштил другите насилници да влезат во кулата за контрола на летање. Како што соопшти МВР, синоќа се приведени четири лица. Во полициска станица на распит е повикан и Незири, а се трага по уште четири лица.

На социјалните мрежи пак се појави и фотографија од напад, за кој движењето „Бојкотирам“ напиша:

Сепак, ако малко подобро истражите, оваа фотографија ќе видите дека е направена од видео кое датира пред 7 години во Лондон, а истото е направено во дуќан за скапи часовници.

Тоа може да го видите на 00:40 секунда од видеото во продолжение:

ПретходнаСе огласи и директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди – едно НЕШТО сите ги заинтересира
СледнаЦела Македонија го очекува исходот од вечерва: Кривичен суд носи одлука за напаѓачите во М-НАВ