ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НАЈНОВО: Сообраќајна несреќа вечерва во Македонија – во едно од возилата се...

НАЈНОВО: Сообраќајна несреќа вечерва во Македонија – во едно од возилата се наоаѓала министерката Тренчевска

139

Пред неколку часови се случи сообраќајна несреќа, во која учесник била и министерка на Владата на Македонија.

На 05.01.2024 во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип- Радовиш во близина на с.Лакавица, штипско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од Г.А.(53) од Скопје во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска (54) и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје, и патничко моторно возило “пасат” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.Ј.(48) од с.Мокриево, Општина Ново село со четири сопатници во возилото.

Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип.

Досега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни

ПретходнаЕдно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Делчево – М.Каменица
СледнаКако е правилно: Лепче со паричка за Бадник или Василица?