ПОЧЕТНА СВЕТ Хорор утринава од Германија: Пожар во болница, едно лице загина – над...

Хорор утринава од Германија: Пожар во болница, едно лице загина – над 20 се повредени

79

Едно лице загина во пожар во болница во Германија, а 22 лица се повредени, од кои шест се во критична состојба, соопшти денеска противпожарната служба.

Пожарот што избувна синоќа во болница во градот Илсен во Долна Саксонија е брзо изгаснат, а поголемиот дел од повредите се предизвикани од вдишување чад и изгореници, пренесува Билд.

Пожарот што избувна на третиот кат брзо се проширил на неколку болнички соби, по што голем број лица биле евакуирани од болницата.

Во акцијата за спасување учествувале околу 140 пожарникари, се прецизира во соопштението.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни

ПретходнаВработените во М-НАВ заеднички порачаа: Ако не бидат разрешени сите директори – НЕМА да има прелетување над Македонија
СледнаПо Русија и Украина, Изреал и Палестина – нова ВОЈНА го плаши светот: Северна Кореја истрела повеќе од 200 гранати во близина на Јужна Кореја