ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Цела Македонија го очекува исходот од вечерва: Кривичен суд носи одлука за...

Цела Македонија го очекува исходот од вечерва: Кривичен суд носи одлука за напаѓачите во М-НАВ

204

Дали обвинителството ќе бара притвор за напаѓачите во М-НАВ?

Се очекува во Кривичниот суд вечерва да бидат донесени пет лица, приведени за вчерашниот упад во зградата на М-НАВ, пишува 4news.

Не јасно е во моментов какви мерки на претпазливост бара Обвинителството.

Обвинителството во текот на денот информираше дека ги очекува кривичните пријави.

„Во моментот се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста“, порачаа од таму.

Инаку, во текот на вчерашниот ден вработен со непознати лица упадна во институцијата и нападна колеги, а настанот предизвика лавина реакции во јавноста.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни