ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Маж ја проституирал својата сопруга додека била бремена во седмиот месец –...

Маж ја проституирал својата сопруга додека била бремена во седмиот месец – ужасната вест го потресе регионот

159

Поради тоа што ја принудил сопругата, која била во седмиот месец од бременоста, на сексуални односи со непознати мажи, Вишиот кривичен суд во Загреб одлучил 39-годишниот маж од Риека да мора да помине седум и пол години зад решетки во еден од хрватските казнено-поправните установи.

Обвиненителството го товареше за кривично дело против сексуалната слобода на сметка на неговата 33-годишна сопруга, но и за измама и принудување на проституција.

Грозоморните злосторства се случиле пролетта 2019 година во станот во кој живееле. Според обвинението, во една прилика осомничениот ја принудил својата бремена партнерка да испие десетина таблети Хелекс и три чаши пиво. Но, таа одбила, па тој и се заканил со нож ставајќи и го под вратот.

„Ќе те убијам и ќе те распарчам! Ќе ти го извадам детето од утробата и ќе го фрлам во ѓубре“, ѝ се заканувал осомничениот на мајката на неговото дете. Таа плашејќи се за сопствениот живот и животот на своето бебе, на крајот го послушала. После тоа, пријавениот донел непознато машко лице во станот и го принудил на обљуба.

На агонијата за несреќната жена и немало крај бидејќи и тој ја заплашувал со цел материјално да ја искористи. И’ рекол дека за пари ангажирал луѓе да ја заштитат од поранешното момче и мафијашите, притоа барајќи од неа да ја плати „заштитата“ со сексуални услуги.

Судењето во оваа постапка се одвиваше зад затворени врати, а јавноста беше исклучена од постапката, па одбраната на обвинетиот, како и изјавите на сведоците на немилите настани не се познати, јавуваат хрватските медуми.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни