ПОЧЕТНА СВЕТ Драма во Америка: Десетгодишно момче убило свој врсник со пиштолот на неговиот...

Драма во Америка: Десетгодишно момче убило свој врсник со пиштолот на неговиот татко

88

Десетгодишно момче од Калифорнија е уапсено под сомнение дека со пиштолот на својот татко убил уште едно дете, соопштија денеска локалните власти.

Полицијата на округот Сакраменто одговори на извештајот за пукање во предградието Сакраменто Футхил Фармс јавува АП.

По пристигнувањето на местото на настанот, на паркингот пронашле 10-годишно момче кое крвари од главата и вратот, но и покрај првата помош, кај момчето подоцна била констатирана смрт во болница, објавија од канцеларијата на шерифот на социјалните мрежи.

Момчето е идентификувано како Кит Фриерсон, а тој наводно го напуштил станот непосредно пред пукањето за да го вози својот велосипед, изјави неговиот братучед за локалната ТВ станица „KCRA“.

Според соопштението од канцеларијата на шерифот, друго 10-годишно момче отишло до камионот на неговиот татко за да му земе цигари и во кабината нашол наполнет пиштол, го зел и се пофалил дека неговиот татко има пиштол.

„Потоа ја застрелал жртвата и побегнал во блискиот стан“, се вели во соопштението на шерифот.

10-годишниот стрелец е уапсен под сомнение за убиство, а неговиот татко е уапсен поради сомнение за повеќе кривични дела, вклучително и носење украдено, наполнето огнено оружје во возило, загрозување на деца и слично.

Властите велат дека момчето се обидело да го сокрие и пиштолот, кој го фрлил во корпа за отпадоци, каде што подоцна бил пронајден од полицијата.

Таткото е во истражен затвор, а кауцијата е одредена од 500.000 долари.

Станува збор за поранешен осуденик на кој „законски му е забрането да поседува огнено оружје“, соопштуваат надлежните, истакнувајќи дека оружјето користено во злосторството било украдено во 2017 година.