ПОЧЕТНА СВЕТ (ФОТО) Страотни снимки од авионот кој се запали – во тој момент...

(ФОТО) Страотни снимки од авионот кој се запали – во тој момент имало над 100 патници во него

91

По несреќата на аеродромот Ханеда во Токио, кога авионот се запалил наводно по судир со друг авион, на социјалните мрежи се појавија драматични снимки од внатрешноста на авионот.

Патниците се слушаат како панично врескаат додека се обидуваат да избегаат од запалениот авион.

Повеќето од нив имаат заштитни маски на лицата, околу нив се шири густ дом, а низ прозорците се гледаат пламени.

Да потсетиме, патнички авион се запали на пистата по наводен судир со авион на јапонската крајбрежна стража, кој превезувал помош во Ниигата по разорниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија.

Во авионот на крајбрежната стража имало шест лица. Засега е потврдено дека само капетанот успеал да побегне од леталото, а останатите петмина се водат како исчезнати.

Евакуирани се вкупно 379 патници и членови на екипажот од авионот на Japan Airlines.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни

ПретходнаНа почетокот од 2024: Вакво нешто не се памети – Напад на Газа од копно, море и воздух (ВИДЕО)
СледнаДрин Ахмети: Пиротехниката е легално купена, подароците беа за моите внуци