ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ПРЕД НОВА ГОДИНА: Оставка на познат директор во државна институација – еве...

ПРЕД НОВА ГОДИНА: Оставка на познат директор во државна институација – еве кој

107

Љупчо Јаневски вчера поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Како што изјави Јаневски за МИА, оставката е поднесена од лични причини.

– Им заблагодарувам на вработените во Агенцијата и на туристичкиот сектор за соработката во изминатите пет и пол години. Мислам дека успеавме од заборавена Агенција да изградиме институција со реноме во години со голем број предизвици.

-Секогаш сум се залагал за професионални кадри на вистински места и тоа сум го покажувал со сопствен пример, преку мојата работа, труд и залагање. Македонија мора да оди напред зашто,каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме – истакна Јаневски.

Љупчо Јаневски стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година.

Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни

ПретходнаШТО ЛИ ЌЕ СЕ СЛУЧИ: Семејството на момчето убиец од „Рибникар“ денеска очи во очи со родителите на убиените деца
СледнаХОРОР: Го киднапирале, однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле, му ја запалиле облеката, па го силувале