ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Страшната вест брзо се прошири: Има загинат – тешка сообраќајна несреќа вечерва...

Страшната вест брзо се прошири: Има загинат – тешка сообраќајна несреќа вечерва ја потресе цела Македонија

40

Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена, во која учествуваа три патнички моторни возила. Како што појаснија од Обвинителството за МИА, бил извршен увид на лице место на патот Неготино – Кавадарци. Еден возач починал, друг бил повреден.

Две лица биле неповредени во третото возило.

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Неготино – Кавадарци кај селото Марена.

Како што информираат од Здравствениот дом во Неготино за МИА едното лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на иследување во кавадаречката болница.

Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.

Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни